Правнукот на Бенито Мycoлини стана играч на Лацио

Романо Флориани Мусолини, правнукот на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини, игра фудбал во составот за помлади од 19 години на Лацио.

18-годишниот Романо, син на десничарската италијанска политичарка Алесандра Мусолини, игра на позиција десен бек во “Примавера” тимот и има аспирации да изгради кариера како професионален фудбалер.

Романо, кој ја завршува последната година во приватната Британска интернационална школа во Рим, игра под своето целосно презиме, Флориани Мусолини.

Римскиот весник “Il Messaggero” пишува дека неговото презиме може да биде проблематично за фудбалски клуб на чии фанови веќе долго време им е ставена етикета на десничари.

И покрај името и историјата на неговото семејство, Романо не се интересира за политика.

Според зборовите на неговата мајка, нејзиниот син мисли само на фудбал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.