“Правда за Диме Такси”: И тој беше на листата на Форбс и бара министерско место во Владата

Сите се сеќаваме на малото и симпатично детенце од серијата „Големи и мали“ кое седеше на камен и го пречекуваше секој што ќе ја посети улицата „Караорманска“.

Тоа детенце го глумеше сега популарниот шоумен Жарко Димитриоски, кој исто како и новата кандидатка за министерка Нина Aнгеловска, беше на листата на Форбс за успешни луѓе под 30 години.

Па, поради тоа тимот на неговата емисија “Еден на Еден” побара правда за него и министерско место во Владата.

#ПравдаЗаДимеТакси Бидејќи и тој беше на Форбс листата треба да биде министер. Ете министер за транспорт нека биде. Дека такси… – напишаа на Фејсбук фан страната “Еден на Еден”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.