Дечињата од фудбалската школа “ПЕРАК” – генерација 2014, сезонава прават растур на фудбалските терени против своите врсници во детската лига.
На крајот од есенската полусезона имаат скор од 11 победи, 1 нерешен резултат и само 1 пораз, а од гол разликата боли глава – 51 постигнат погодок и само 10 примени.
Резултатите им се неверојатни, дечките победувале и против своите врсници од Победа, Пелистер, Академија Пандев…
Бравос дечиња, продолжете така и држете се до спортските навики и спортскиот начин на живот.