ППК Младост 96 во плеј-оф ќе игра со Вардар: На 14 април во Прилеп сите да ги бодриме

Со натпреварите од четиринаесетото коло во двете најсилни лиги од првенството во пинг понг, заврши регуларниот дел од првенството.

Минатогодишниот шампион Вардар ја оправда фаворитската улога и го освои првото место на табелата обезбедувајќи си ја најповолната позиција за Плеј оф натпреварите, каде што уествуваат првите четири екипи.

Екипата на ППК Младост96 во последното коло од регуларниот дел ја совлада екипата на УГД со резултат 4-0. По една победа постигнаа сите тројца играчи Рикалоски, Костовски и Лашкоски, a победа во дубл извојуваа Рикалоски-Костовски.

Покрај Вардар учество во плеј офот обезбедија екипите на Младост, Телеком НЕЦ и Младост 96. Полуфиналните двојки во плеј офот ги сочинуваат: Вардар – Младост 96 и Младост – Телеком НЕЦ

Вардар во натпреварот со Младост 96 ќе има предност од 1:0 поради двете победи во регуларниот дел од сезоната. Победник е екипата која прва ќе стигне до две победи. Телеком НЕЦ и Младост тргнуваат од нула, двете екипи една против друга забележаа по една победа во регуларниот дел од сезоната.

Лигата ја напушта екипата на Мултитекс, додека екипата на УГД преку бараж натпревар со второпласираната екипа од првата лига ќе се обиде и за следната сезона да го обезбеди суперлигашкиот статус.

Во Супер лигата за наредната година се пласира екипата на ППК Радовиш, која убедливо го освои првото место во Првата лига. Бараж за Супер лига ќе игра екипата на Кочани со УГД.

Плеј офот започнува во месец Април а ППК Младост96 својот натпревар ќе го игра на 14 Април во Прилеп. Доволно време со нови подготовки да се зачува и подобри формата на сите играчи. Вардар на хартија е фаворит но младите играчи на Младост96 нема да се предадат,знаеќи дека се кадарни секого да победат.Желбата е голема и е Шампионска титула.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.