По 37 години ООУМ „Ордан Михајлоски Оцка“ – доби ново концертно пијано. По тој повод вчеравечер, во ЦК „Марко Цепенков“ беше одржан концерт на кој настапија неколку ученици со композиции на пијано.
Последен пат вакво инструмент бил донесен во 1979 година. Пијаното е сместено во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ и ќе служи за уметниците кои ќе настапуваат во градот, како и за музичка едукација на талентирани ученици.
Градоначалникот Ристески, при посетата на овој концерт истакна дека покрај вложување во инструменти Локалната самоуправа континуирано вложува во реализација на голем број проекти кои ќе го подобрат образовниот систем во ова стручно училиште.
[Best_Wordpress_Gallery id=”275″ gal_title=”NovoPiano”]
Оваа инвестиција чини 19 илјади евра средства обезбедени од новогодишниот донаторски концерт, кои го одржаа учениците од ООУМ „Ордан Михајлоски- Оцка, бизнис секторот и Општина Прилеп.