ПО 30-ТИ СЕПТЕМВРИ, ЗАЕВ ЌЕ ТРЕБА ДА СИ ЗАМИНЕ: Ако референдумот биде неуспешен, народот очекува Заев да си замине!

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев преку писмено соопштение реагираше дека власта распиша референдум без да го почитува мислењето на 455.000 граѓани, кои се претставени од ВМРО-ДПМНЕ и до коалицијата „За подобра Македонија“.

Јанушев наведува дека премиерот Зоран Заев насила го турка прашањето за референдумот, само, како што пишува, за да ја покрие капитулацијата во преговорите со Грција и прифаќањето на капитулантски договор.

„Граѓаните ќе му кажат НЕ на Заев, зошто се против некој да си дели 10,5 милиони евра, народни пари, на фирми на своите советници и соработници. Граѓаните ќе му кажат НЕ на Заев, зошто се против обидот без срам да се украдат 35 милиони евра од здравството, пари на народот и да се доделат на фирми формирани пред само неколку месеци“- се наведува во соопштението.

Јанушев во соопштението му се обраќа на премиерот и вели дека доколку референдумот не успее, граѓаните очекуваат да си замине од политиката. Му порачува да не смислува автентични толкувања и одговорноста за реализација на капитулантскиот договор да ја префрла на институциите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.