-Денес, на 53та седница на Советот на општина Крушево е донесена одлука по претходна моја иницијатива за доделување од 3.000 денари месечна субвенција или вкупно 27.000 денари за цела учебна година на секој ученик од општина Крушево кој ќе се запише во прва година во СОУ Наум Наумовски – Борче, Крушево во учебната 2025-2026 година – напиша на ФБ, градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.
-Нашата цел е да ги поддржиме учениците, да им обезбедиме еднаков пристап до образованието и да ги мотивираме да продолжат со образование тука во својата општина. Вложуваме во квалитетно образование, во нашата младина и во нашата иднина – стои во објавата на градоначалникот Христоски.