По 21-ви пат отворен ден во Општина Прилеп

_mg_5746

Пензионери, спортски здруженија, играорни групи, танцови клубови, медари, гимназијалци, ученици од основните училишта, Сојуз на борци, групи од повеќе одделенија во болницата „Борка Талески“, денеска беа гости на отворениот ден кој општина Прилеп го организира по 21 пат.

_mg_5733

_mg_5701

_mg_5705

_mg_5724

_mg_5729

Започнувајќи од холот на општина Прилеп, Едношалтерски систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општоправни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, Шефот на кабинет и кабинетот на Градоначалникот, граѓаните ја имаа можноста да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општината. На присутните им беше презентиран филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот. Општина Прилеп и понатаму продолжува со реализирање на овој проект, најмногу по барање на граѓаните.

_mg_5778

_mg_5735

_mg_5747

_mg_5758

_mg_5760




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.