По 20.000 евра за земјоделците до 40 години, пријавување до вторник

Неповратни 20.000 евра се нудат за млади земјоделци до 40 години. До вторник тие ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за поттикнување на земјоделското производство, а годинава оваа финансиска поддршка е зголемена од 10.000 на 20.000 евра.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) го објави јавниот повик за мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделското производство.

Парите се наменети за млади, невработени лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.

Корисниците на оваа помош треба да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.