По 18-ти пат 400 деца од различни верски заедници и од сите краишта на Македонија, ќе го празнуваат Божик во Прилеп (ВИДЕО)

Во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, традиционално по 18-ти пат во Прилеп, над 400 деца ќе се дружат на свечен Божиќен ручек и ќе го прослават Христовото раѓање.

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децата. Ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божиќна трпеза заедно се дружат деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно го празнуваат еден од најголемите христијански празници – Христовото раѓање.

На оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ.

Настанот традиционално се одржува на прв ден Божиќ, а оваа година дечињата ќе се дружат на трпеза во Хотел “Салида”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.