По 14-ти пат 500 деца ќе го пpaзнyваат Xpиcтовото paѓање во Прилеп: Интервју со opганизатopите на овој прекpaceн нacтан (ФОТО)

По четиринаесетти пат во Прилеп се организира манифестацијата “Божиќен ручек”, a организатор е “Детската Амбасада за сите деца во светот”. Овој настан повторно на едно место ќе собере 500 дечиња од целата држава, од различна вероисповед, деца со посебни потреби, деца без родители, деца на загинати бранители, како и истакнати деца- членови на Детската Амбасада. Христовото раѓање и оваа година ќе биде одбележано со богата програма и со искрени, топли, детски насмевки. Со песната “Вечниот Бог” и со одлична кореографија, децата одново ќе предизвикаат воздишки кај сите присутни и на најубав начин ќе го доловат раѓањето на спасителот и неговото пристигнување на земјата.

Разговараме со луѓето од Детската амбасада за тоа што може да се очекува оваа година од манифестацијата, за нивните планови и програма во Новата 2020 година, како и за самите почетоци на манифестацијата “Божиќен ручек”.

1. На кратко за почетоците и идејата на манифестацијата “Божиќен ручек” која зближува деца од целата држава.

– 2005 година беше година кога нашето општество сеуште закрепнуваше од Конфликтот 2000/2001 година. Не постоеше ниеден настан кој го покажува заедништвото на нашето мултиетничко општество. Во тој период на општествени делби се роди идејата со една единствена цел – да го прмовира реално пристапот кон општеството и потребата од заедничкиот живот на сите етнички заедници. Божиќ е ден кога се раѓа младенецот спасител Исус Христос, симбол на обединетост, почит едни кон други, симбол на верата, надежта и љубовта. Токму со трпезата за ден Божиќ за 500 деца од целата територија на државата и од сите ранливи целни групи, од различна вероисповед, од различни економски групи, Детската Амбасада за Сите Деца во Светот ги собра децата на една трпеза испраќајќи ја пораката за заедништво, љубов и мир под мотото „Едно небо за сите деца“, почнуваќи од Божиќ 2006 година до денес.

2. Која година по ред и колку деца оваа година ќе опфати манифестацијата Божиќен ручек?

– Започнуваќи од 2006 година, Божиќниот Ручек се одржува веќе 14 години како централна манифестација што го одбележува почетокот на секоја наредна година. И оваа година гости ќе бидат традиционално 500 деца.

3. Kaко одредувате кои деца ќе бидат дел од манифестацијата?

– Најбитно за оваа наша манифестација е да се одберат децата од целните групи со кои ние работиме во текот на целата година според годишната програма на Детската Амбасада. Тоа значи се дефинира вклученоста на децата од ранливите категории, како деца без родители, деца на загинатите припадници на безбедносните сили, деца со пречки во развојот, деца болни од церебрална парализа и други деца со посебни потреби, па кон нив ги вклучуваме најдобрите ученици, истакнати и наградувани, па деца наши членови од дисхармонични семејства наши членови кои даваат придонес во активностите на Детската Амбасада и кои посетуваат активности во Детскиот Едукативен Центар „4-ти Јули“, и секако нашите членови од различна верска припадност (католичка, исламска, протестатска, еврејска и др.) кои секогаш се присутни на овие заеднички дружења како што е Божиќниот Ручек, се со намера за остварување на целта. Но и ниту едно дете – наш член, кое изразило желба за учество и присуство на Божиќниот Ручек, секогаш се прифатени.

4. Која е пораката што ќе ја испратите оваа година?

– Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помуѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата, заеднички да принесуваме кон градење на вистинско здраво ’зелено’ општество. Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помежу децта. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е поѕначајно од среќата на детското лице.

5. Колку сте задоволни од бизнис секторот и дали и оваа година добивте поддршка во организацијата на “Божиќниот ручек”?

– Без поддшрка од бизнис заедницата оваа традиционална манифестација би била занемарена. Нашата благодарност во име на Детската Амбасада и од име на децата секогаш се изразува со доделување на благодарница или едно од престижните признанија (Плакета Пријател на Децата или Орден за носител на мирот) за нивната несебична поддршка и придонесот кон градењето на хуманистичкото општество. Сепак, нагласуваме дека очекуваме поголема вклученост во овој традиционален настан на бизнис заедницата од Прилеп, како нивни придонес за посреќно и побезгрижно детство за нашите најмили-децата!

6. Што можеме да очекуваме оваа година од настанот. Што ќе содржи програмата?

– Пред е е момент за негувањето на традиционалните вредности со благословот на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Петар. Потоа, како и досега, во забавниот дел ќе учествува нашиот Христијан Тодороски – Кико, кој својот именден го слави со 500 деца. Оваа година за прв пат ќе настапат и двете сестрички од Скопје Илина и Јована кои ќе испеат дел од нивните песнички преку кои ќе ја пренесат љубовта, а од минатата година, се вклучени и членовите на Танц студио „Зодијак“ од Прилеп, кој што оваа година ќе се претстават со перформанс “Јунаците од бајките“.

7. Какви се плановите на Детската амбасада за Новата 2020 година. Имате ли одредено агенда на настани што ќе ги организирате наредната година?

– Секако Детската Амбасада работи по план и програма кој што ја донесува Извршниот колегиум на амбасадата, а како позначајни настани и проекти покрај Божиќниот ручек се Зимскиот камп за 80 деца, во прекрасниот хотел „Славија“ на Попова Шапка, тековните активности од проектот „Заедно посилни“ кој што го работиме со децата и наставниците координатори од Основните Општински Училишта во Прилеп. Секако оваа година во Планот е предвиден и Конгресот на Детската Амбасада на кој што се носат битни одлуки за следните 4 години, па традиционалниот проект „Градиме мостови на пријателство“ каде што покрај наградените деца од училиштата во општина Прилеп, учество земаат и учениците од Општина Долнени и Општина Кривогаштани со активност за посета на една странска пријателска земја. Во летната програма се вклучуваат деца во прекрасните хотели на Охридското крајбрежје, х. Олгица, х. Пела и х. Гранит. Тековно низ цела година имаме предвидено работилници за дискриминација, стереотипи, инклузија, предрасуди, штетност и зависност, злоупотреба на детскиот труд, запознавање со детските права, и други, потоа дукументарни филмови од програмата на Македокс, хуманитарни акции и активности за детската недела и денот на детето. Морам да ги споменам и активностите од нашите основани центри, односно центарот за дипломатија и детскиот едукативен центар „4ти Јули“. За оваа година од центарот за дипломатија имаме предвидено отварање на конзулат во нашата пријателска држава Холандија, а активностите за детскиот едукативен центар предвидуваат и проширување на капацитетите и реализација на проектот „Хари Потер“, кој предвидува и едукација на деца од предшколска возраст.

Нормално после престојните парламентарни избори ќе продолжат активностите за Фондот за деца на загинати припадници на безбедносните сили.

Детската Амбасада во текот на целата година работи и на предмети, каде што се прекршуваат правата на детето и соодветно делува до институциите. Имаме пријави од сите краеви на нашата држава.

Овие сите проекти, работилници, центри, фондот, активности и делувања ја дава јасната слика за нашето долгогодишно залагање, за правилен психо-физички развој на децата, но и сериозноста на Детската Амбасада, како во нашата држава, така и во светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.