Хуманитарната акција „Еден поинаков ден“ посветена на една од најчувствителните категории, деца без родители, згрижени во семејства, се одржа по шести пат. Оваа година заради Ковид мерките, на отворено во Паркот на револуцијата. Организацијата и координацијата беше на проф. Ружа Ангелеска, претседателот на ученичкиот парламент Ненад Кулески со ученици од ученичкиот парламент и ученикот правобранител Елена Николоска при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп.
Хуманитарната акција има за цел да ги анимира згрижувачките семејства на згрижените деца, да им овозможат барем некој поразличен ден од секојдневните, а ние преку овој „поинаков ден“ да споделиме моменти и невообичаени пригодни подароци со кои ќе ги поттикниме и нивните насмевки, да докажеме дека секогаш постои и ќе постои некој кој ќе помисли и на нив.
За жал не сме во состојба да им обезбедиме вистински семејства, но можеме и треба да ги поттикнеме преку некои од овие акции институциите и пошироката заедница да размислуваат како треба да се споделува не само материјални добра (новогодишни пакетчиња) да бидат сликани и видени, туку и да се менуваат и адаптираат законите подолгорочно со кои овие деца нема да завршуваат само во згрижувачки семејства туку во реални, а со тоа да ја почуствуваат љубовта, топлината, подршката, заштитата и секое добро како и секое дете, секој човек.
Воедно со оваа акција целта е кај сите да ја развиваме свеста за солидарност, хуманост, подршка и социјализација со пошироката заедница.
Оваа година акцијата ја подржаа Кофи Ангел, Крин КГ, како и Детската Амбасада за сите деца во Светот.
Со надеж дека секогаш е подобро да направиш нешто, наместо ништо … СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!
Наредните да бидат исполнети со повеќе меѓусебно разбирање, соработка,здравје, љубов и среќа за Сите.
„ЗАТОА ШТО АКО ЉУБОВ НЕМА НИШТО НЕ СИ“