По циклонот нова нагла промена со времето – температурите уште повеќе под 0

По циклонот Невен кој услови вистинска зима и снежни врнежи во најголем дел од државава, следува јужно воздушно струење и пораст на температурите на воздухот особено за време на викендот кој ни претстои, анализира Славчо Поповски.

Сепак во петок особено во текот на претпладнето очекуваме локални слаби врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините и тоа претежно на запад од државава, поради потоплиот воздух кој ќе се наоѓа во горниот слој од атмосфератас и постудениот во долниот дел од истата, во некои од котлините има услови за појава и на замрзнат дожд.

Сеуште многу студено ќе биде утрешното четврточно утро кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен додека на планинските места истите е можно да се спуштат и под -10 степени.

Веќе за време на викендот минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

Ваквата ситуација ќе ги зголеми условите за појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини и речни долини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.