14.02 е термин кој, веќе традиционално, е резервиран за гимназијалците кои преку убав збор, дружба и музика го чествуваат Св.Трифун. Така беше и оваа година. Третото издание на оваа поетско-музичка дружба се одржа под отворено небо, во Вила Димкар, а таму задоволството да се присуствува беше заедничко, како и од гостите така и од сите кои беа инволвирани во овој настан.
Ред убава поезија, ред квалитетна македонска музика надополнети со топол чај, вино, печени костени, логорски оган беа само дел од настанот кој покажа дека гимназијалците се способни да донесат нова свежина и да го издигнат нивото на квалитетни настани на многу високо ниво. ”Гимназиската седенка” како што беше наречен настанот донесе емоции и убави моменти кои нема да се заборават.