По промена на Статутот, ВМРО ДПМE започнува кадровски промени

Изборите завршија, а стартните позиции за преговори за составување нова влада помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се изеданчени, двете партии располагаат со по 46 пратеници поддршка и се друго зависи од ставот на партиите на македонските Албанци со кого тие ќе решат да коалицираат, пред се ДУИ и коалицијата Алијанса/Алтернатива.

Веднаш по изборите ВМРО ДПМННЕ направи чекори кои се очекуваа, се смени статутот во неколку многу битни одредби кои за прв пат се применуваат кај македонските политички партии воопшто, а тоа е давање голема автономија и незвисност во одлучувањето на базата на партијата. Досега, сите релевантни партии не само во Македонија туку у регионов имаа принцип раководството да одбира општински организации а потоа општинските да ги бираат нив поради што медиумите често овој систем го нарекуваа “султан партии“. ВМРО ДПМНЕ сега темелно го смени тој принцип.

Оваа одлука за темелна демократизација на партијата беше иницирана и поздравена од најголемата партиска асоцијација во Европа – ЕПП, асоцијацијата на десни политички партии оценувајќи дека во регионот, за прв пат, ВМРО ДПМНЕ применува европски стандард на внатрешно партиско организирање.

Сега, откако добија големи права за одлуки, општинските организации, или комитети кај ВМРО ДПМНЕ, иницираат и кадровски промени кои следат. Имено, партијата планира брзи кадровски промени, освежувања со нови лица, на речиси сите нивоа во ВМРО ДПМНЕ.

Овие промени треба да овозможат поголема доверба во проектите на партијата на локално и централно ниво, функционалност доколку ВМРО ДПМНЕ обезбеди влез во идната влада како и организациски потенцијал за наредните локални избори кои се очекуваат за година дена.

Наредните денови и недели треба да се очекуваат првите кадровски промени и порака до членството, гласачите на ВМРО ДПМНЕ и јавноста дека партијата делува согласно јавната оценка за работењето и потребите на граѓаните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.