Paдио “Пела” кое е единствената рурална радио станица и се наоѓа во Кривогаштани, по примерот на Радио “Кавадарци” напишаа дека ненамерно ги избришале сите песни на пејачката Тамара Тодевска.
“Радио Пела, единствениот електронски рурален медиум во Македонија, се приклучува кон акцијата на Радио Кавадарци и се извинува што ненамерно ги избриша сите песни изведени од Тамара Тодевска.
Се случи, од вчера, не сакајќи сите до една песни каде што Тамара настапува да не ни се воопшто достапни во датотеката на Радио Пела, сега и засекогаш!!! Извини Тамара!”, напишаа од радио “Пела” на нивната Фејсбук фан страна.