По престојот во Албанија, Николоски се врати во Победа

Во рамките на 16. рунда од Втората лига, в сабота (14 часот) Победа дома игра со штипска Брегалница.

Во пресрет на вториот дел од сезоната во Втората лита, Победа во своите редови го врати 22-годишниот голман Иван Николоски.

Николоски во Победа се враќа од по престојот во Поградец, Албанија, а претходно настапуваше за САСА, Беласица, Воска…

Покрај Николоски во Победа зимава пристигнаа и: Младен Љумовиќ од Беласица, Филип Димоски од Детонит и Јасин Ќазимоски од Воска.

Пролетниот дел од сезоната црвено-белите го започнуваат со дуел против Брегалница. Натпреварот се игра утре (15.02.) со почеток од 14 часот, на градскиот стадион “Гоце Делчев”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.