По потпишување на Протоколот, Бугарија објави Декларација: Го заштитивме бугарскиот национален интерес

По вчерашното потпишување на билатералниот протокол помеѓу Македонија и Бугарија, бугарската влада денеска објави декларација во која се вели дека двете влади покажале храброст и политичка волја за надминување на несогласувањата.

Бугарската страна е среќна со тоа што се заштитуваат правата на Бугарите во Македонија, но и бугарскиот национален интерес. Во документот се наведува дека почнува нова страница во односите меѓу двете земји и народи, кои ќе ги постави основите за взаемна доверба и почитување, ќе ги зајакне врските во сите области и уште повеќе ќе ги зближи луѓето од двете страни на границата.

„Без граници меѓу нас, но со почит едни кон други. Тоа е европски начин да се развиваме заедно. Немаме илузија дека со тоа сите проблеми меѓу двете држави се решени. Но вие веруваме дека веќе имаме јасна основа, изградена врз едвропски вредности и принципи, врз основа на кои ќе ги решаваме меѓусебните прашања“, стои во писмената декларација од Софија.

Инаку, Екатерина Захариева, пратеничката на ГЕРБ во изјава за БНТ посочи дека најважно е што Бугарија и натаму не го признава македонскиот јазик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.