По повод осветување на манастирската црква , манастирот Св. Никола во Загорани со света литургија на трет ден Духовден

По повод втората Манастирска слава на третиот ден на Духовден (по повод денот на осветувањето на Манастирската црква) во Манастирот Свети Никола с. Загорани оваа година чествувањето ќе се одржи по следната програма:
Вторник 25.06.2024 од 08.00 до 10 часот во манастирска црква ќе се одржи света утринска литургија која ќе заврши со пријавување на нови ДОМАЌИНИ за наредната година.
Потоа ќе се одржи пригодна свеченост, прослава и Манастирски ручек кој ќе го спремаат годинешните домаќини.
Исто така домаќините оваа година за присутните верници ќе имаат организирано жива музика со гости од естрадата и Елена Јовческа!!!
Се покануваат сите верници да присуствуваат и на пригоден начин да се одбележи овој празник!!!!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.