Божјиот храм Св. Петка во населбата “Точила” по повод големиот христијански празник Преподобна Параскева (Петковден), широко ќе ги отвори вратите и ги поканува верниците на заедничка литургија и молитва.
Денес, 26.10.2016 со почеток од 18:00 часот ќе се одржи празнична вечерна литургија, со која ќе чиноначалствува митрополит г. Петар. Веднаш потоа ќе се одржи и духовна академија.
Утре, 27.10 со почеток од 07:00 часот ќе се одржи Празнична утрена литургија, а од 08:00 часот ќе започне Св. Божествена Архиерејска Литургија, со учество на хорот “Света Петка” и хорот “Благовештение”.