Американската ТВ-мрежа „Шоутајм“ објави дека ќе ја оживее наградуваната серија „Декстер“ со нови десет епизоди.
Мајкл Си Хол, кој освои Златен глобус за најдобар актер во 2010, по осум години се враќа во улогата на полицискиот аналитичар на траги од крв, кој во слободно време ybива ybијци.
Според најавите од „Шоутајм“, серијата ќе почне да се снима на почетокот на следната година, а премиерата е предвидена за на есен.
„Декстер“ се емитуваше од 2006 до 2013 година, но многумина ја сметаат последната епизода за едно од најлошите финалиња на серија досега. Во неа, Декстер Морган ја лажира својата cmpт, бега од Мајами и почнува да живее под ново име во Орегон.
Засега не се открива што се случува со Декстер во новата серија.