19-годишниот Филип Тодороски, кој важеше за еден од најалентираните поединци во прилепска Победа, од вчера е нов фудбалер на Работнички.
Ова е второ засилување за “романтичарите” од редовите на црвено-белите, откако претходно го ангажираа и Атхе Мазари.
Тодороски е офанзивен играч за врска и потпиша 2-годишен договор со екипата од Дебар Маало. Иако минатата година имаше отворена понуда да пристапи во турски Бешикташ, Тодороски одлучи да остане во Прилеп. Како и да е, на младиот Филип му претстои светла иднина и веројатно големи фудбалски подвизи.