По кратка пауза – Beer ti & ja повторно со вас! Од утре наутро ќе ве пречекаат со пресна чорба и нов проширен простор

По две неделна пауза, од утре рано наутро ресторанот Beer ti & ja повторно ги отвора своите врати за своите верни гости и за сите кои сакаат да ги вкусат најдобрата прилепска скара и специјалитети. Како и секогаш, утрото започнува со вкусна чорба – број еден во Прилеп, совршен избор за вкусен и енергичен почеток на денот.

Од утре тимот нa Beer ti & ja ќе ве пречека во проширен простор, создаден да ви понуди уште поголема удобност. Со повеќе маси, повеќе место за дружба и целосно климатизирана пријатна атмосфера.

Менито останува исто –  вкусни специјалитети, свежи состојки и традиционални рецепти подготвени со многу љубов.

За тие кои доаѓаат на гости во Прилеп – Ресторанот Beer ti & ja се наоѓа на самиот влез во  Прилеп од страната на Скопје, веднаш до Авто Мото Сојузот. Располагаат со широк паркинг и се вистинско добредојде во градот под Марковите Кули.

Ве очекуваме повторно да го споделиме она што најдобро го знаеме – добра храна, ладно пиво и топло гостопримство. Вие само дојдете… ние сме тука за сè останато!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.