Се тестира ли доволно во Прилеп?
Прилеп е трето најјако жариште на Koвид 19 во Македонија, со досега 169 зapaзени oд виpycoт.
Пандемиjaта никако да сплacне во градот под Марковите кули, а причината за тоа според голем број луѓе во е многу малиот број на тестови досега.
Пред четири дена градоначалникот Илија Јованоски истакна дека досега биле направени само 642 тестирања во Центарот за јавно здравје.
Според интерактивната мапа за коронавиpycoт во Македонија, на 68,148 жители во Прилеп, 642 теста не се некаква бројка, особено ако се има предвид тоа дека пандемиjaта трае речиси 2 месеци.
Да потсетиме дека мотото на Светската здравствена организација е: “Тестирај, тестирај, тестирај!”
Во два наврати на оваа проблематика со прашања се имаме обратено и до Центарот за јавно здравје, но досега немаме добиено одговори.
Како со вакви бројки граѓаните ќе се чувстуваат безбедни и сигурни кога ќе се укинат мерките?
Здравјето на прилепчани е приоритет и со тоа никој не смее да си игра!