По катастрофалниот пораз во последното коло, Победа наиде и на најтежок противник во баражот за опстанок во Втора лига

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја извлече ждрепката за баражот за место во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и познати се паровите кои ќе разигруваат за местата.

Победа мина најтешко на ждрепката затоа што го извлече амбициозниот ГФК Куманово. Во вториот пар ќе се сретнат Вардарски од Богданци и Кораб, додека во третиот дуел на мегдан одат Велазерими и Борец од Велес.

Натпреварите од баражот за ВМФЛ се играат следниот викенд. За терминот и локацијата на одигрување на баражот јавноста ќе биде известена додатно.

Во последното коло од Втората лига, Победа беше поразена на домашен терен од БЕСА со 1:5. За несреќа на прилепчани, Осогово победи со 3:0 над Пелистер, а Каменица САСА триумфираше над Вардар Неготино.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.