По заслужениот одмор, прв собир и засилувања во Победа: Никола Трајкоски е нов технички директор на клубот

По обезбедениот опстанок во Втората лига и заслужениот одмор, фудбалерите на Победа во средата го имаа и првиот собир пред подготовките за новата сезона.

25 играчи се појавија на првата прозивка на тренерот Јане Николоски, меѓу кои и првиот новајлија. Станува збор за 20-годишниот Мартин Андоновски од Битола, играч за врска, кој минатата сезона ги носеше боите на гевгелиски Кожуф.

Пред донесување на нови засилувања, новости има и во управата, каде нов технички директор на клубот е Никола Трајкоски, долгогодишен член на навивачката група “Мајмуни” и верен поддржувач на спортот во Прилеп.

Трајкоски е и претседател на клубот за мал фудбал “Победа”, кој под негово водство покажа одлични резултати во првата сезона од Втората футсал лига.

Во врска со сите новости во клубот, челните луѓе деновиве ќе викнат и прес конференција за медиумите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.