По две победи за прилепските пингпонгарски клубови: Наредниот викенд ќе се знае кој е кој

Изминатиот викенд во Скопје во СЦ “Борис Трајковски”, “А1 Арена”, по втор пат оваа сезона ја собра елитата на македонскиот пинг понг. Супер лигашите на вториот дел од турнирскиот систем на натпреварување ги одиграа натпреварите од рамките на второто и третото коло.

Прилепскита екипа на Младост96, убедливо и овој викенд ги победи екипите на Струга и Вардар со идентичен резултат од по 4-0.

За Младост96 и во двата натпревари по две победи извојува Кристијан Станојковски, додека по една победа извојуваа Александар Рикалоски и Петар Костовски.

Рикалоски на дуелот со Вардар го победи српскиот играч, Александар Марковиќ. Составот на прилепската екипа е во одлична форма, пред дерби натпреварот наредниот викенд со Шампиони ФА од Штип.

За наредниот викенд во составот прв пат сезонава ќе се појави и српскиот играч Стефан Костадиновиќ. Се очекува интересен натпревар, во кој ППК Младост96 влегува како сигурен фаворит.

Исто така и другиот прилепски суперлигаш Младост извојува две победи со екипите на Крива Паланка 2007 и со Радовиш. Младост играше без искусниот Јочкоски.

Постигнате се следните резултати:

Второ коло: Работнички – Радовиш 4:0, Младост – Крива Паланка 2007 4:2, Струга – Младост 96 0:4, Вардар – Телеком НЕЦ 2 3:4, Телеком НЕЦ – Шампион ФА 0:4

Трето коло: Шампион Фа – Работнички 4:1, Телеком НЕЦ 2 – Телеком 1:4, Младост 96 – Вардар 4:0, Крива Паланка 2007 – Струга 4:2, Радовиш – Младост 3:4




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.