По дваесет години на Сугарески му текна да правел економски развој на Прилеп

Успешното функционирање на општините во современи услови не може да се замисли без спроведување на локален економски развој и создавање поволна клима за деловни активности и инвестиции, напиша на Фејсбук Горан Сугарески, кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ.

Денес, по четири години на власт и безброј функции кои ги имаше во Владата, на Сугарески му текна да прави економски развој на Прилеп.

-Оттаму, доколку на претстојните локални избори ја добијам довербата на граѓаните на општина Прилеп, локалниот економски развој е еден од главните приоритети кон кои ќе биде насочена мојата и работата на мојот тим.

Во таа насока беше и денешната средба со менаџерскиот тим на Мермерниот Комбинат, глобален лидер во вадење и производство на светски прочуениот бел мермер „Сивец“.

Низ разговор дојдовме до заедничка констатација дека постои простор за унапредување на соработката, што е од интерес како на Комбинатот, така и на Општина Прилеп, а се’ во функција на подобрување на стандардот и условите за живеење на жителите на нашата општина, напиша тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.