По втор пат ќе се раздели со Јувентус: Буфон продолжува во нов клуб

Џанлуиџи Буфон по втор пат ќе го напушти Јувентус, тоа е главна вест утрово во италијанските медиуми!

Буфон е вистински симбол на „старата дама“. Остана во торинскиот клуб кога беше на врвот на славата и тоа после освоениот Мундијал. Можеше да оди било каде, но остана со Јувентус во Серија Б.

Првпат Јувентус го напушти пред три години кога се пресели во ПСЖ, меѓутоа се врати после само една сезона. Втор пат тоа може да го напушти за неколку месеци, овој пат би останал во Италија.

Имено, италијанските медиуми утрово на големо пишуваат за договор помеѓу Буфон и Аталанта.

Иако има 43 години Буфон и оваа сезона со неколку настапи покажа дека може да брани на високо ниво, а целта му е да заигра на Мундијалот во Катар во 2022 година. Тоа за него би бил шести Мундијал во кариерата.

Првиот контакт со Аталанта е воспоставен. Тимот од Бергамо би требало да ги продаде Спортиело и Голини кој е мета на Рома додека следната сезона голманскиот тандем треба да им го сочинуваат Буфон и младиот Карнески кој сезонава е на позамица во Кремонесе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.