Денеска, 07.09. во просториите на Europe House, во Скопје, беше свеченото доделување на плакетите за еТвининг ознаката за училишта.
OOУ “Климент Охридски” од Прилеп е едно од 24 училишта во Македонија кои ја добија оваа престижна ознака.
Тоа е доказ дека ова прилепско училиште е на еднакво рамниште со европските училишта, во однос на педагошките практики и иновативните пристапи кои се користат во наставата.
На свеченото доделување се обрати Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција и Мила Протуѓер, координатор за еТвининг.
Оваа ознака на ООУ “Климент Охридски” му е доделена втор пат последователно.