Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и науки во пресрет на доделувањето на „оскарите“ што ќе се одржи на 9 февруари.
Екипата на „Медена земја“ деновиве го живее сонот. На социјалните мрежи се појавија фотографии од Љубо, Тамара, Атанас, Фејми и Самир во друштво на Квентин Тарентино, Бред Пит, Роберт де Ниро, Леонардо Дикаприо, Ал Пачино…