Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура денеска се движеше од 11 до 19 степени, а дневната ќе достигне од 25 до 36 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 33 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, во наредните денови времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во вторник насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35, додека во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.