Почина југословенскиот Џејмс Бонд: Убивал за Тито, а умрел во најголема беда

Во Амстердам почина Слободан Митриќ или Карате Боб, на 68-годишна возраст. Ова име на јавноста не и е многу познато, токму поради тоа што тој бил поранешен шпион на Јосип Броз Тито.

 

1

Тој во Холандија пристигнал во 1973 година, кога во Амстердам, за Божиќ убил тројца Срби поради што добил 13 години затвор. Иако полицијата официјално наведувала дека станува збор за пресметка на подземјето, Карате Боб, како што го нарекувале поради владеењето на таа боречка вештина, тврдел дека станувало збор за професионална задача на еден таен агент.

2

По издржувањето на затворската казна не се вратил во тогашна Југославија поради проценката дека би можел да биде убиен, но Холандија сепак го прогласила за “непосакуван странец”. И покрај тешките животни прилики, практично без никакви права, 43 години останал да живее во Амстердам.

Додека ја издржувал затворската казан, Слободан напишал мемоари кои холандските издавачи му ги објавиле под наслов “Тајниот агент на Тито” или “Geheim Agent Van Tito”, а потоа објавил уште неколку интригантни наслови за подземјето и работата на тајните служби.

Во книгите бил претставен како југословенски Џејмс Бонд и во нив објаснувал дека за потребите на југословенската тајна служба убивал мети во земји од Источниот блок, Франција, Шведска и Белгија. Бил опишан и како маж пред чиј шарм жените не останувале рамнодушни. Од смртта на неговата партнерка во 2006 година, холандските власти одбиле да му даваат било каква социјална помош, сместување  здравствена заштита. Кога министерот Герд Лирс одлучил во 2012 година да го депортира во Србија, Митриќ веќе боледувал.

Последните денови ги минал на таванот на една напуштена училишна зграда во источниот дел на Амстердам. Бил пронајден случајно во тешка состојба и пренесен во болница, каде набрзо и починал.

3




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.