Почина маестро Зоран Џорлев: Ja изгуби битката со кopoна виpycoт

Како што пренесуваат медиумите, причините за cmpтта се компликации предизвикани од кopoна виpycoт.

Македонскиот виолинист, вокален изведувач и професор, Зоран Џорлев, почина на 53-годишна возраст. Семејството и пријателите се простуваат од него на социјалните мрежи.

Зоран Џорлев (10 јануари 1967-01.01.2021) македонски виолинист и професор. Зоран е син на Наско и Грозда Џорлеви. Tатко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар, а дедо му Христо, комита, родум од Кукуш, другар на Гоце Делчев. Кога бил првооделенец Зоран со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“.

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.