ПОТРЕСНА ИСПОВЕСТ: Оваа жена го преживеа убиствениот вртлог на скопската обиколница (ВИДЕО)

Препуштена сама на себе, пливајќи премрзната низ двометарската студена вода и благодарение на нејзината присебност во хаотичната состојба успела да стигне до првите куќи во Стајковци и да се спаси. На неколу места од обиколница до куќите, таа успевала да се фати за возилата по пат кои веќе биле поплавени, но во еден момент како на филм се нашла во вртлог. Следниот момент ни таа не знае како, веќе била исфрлена од водата на мирно место во близина на првите куќи.

received_10208746488131038

-Видов ѕид и се подигнав на него, и ги слушав луѓето комуницираат меѓу себе и велат ја изгубивме жената веќе не можеме да и помогнеме. Излегува човек од друга страна и свети со батерија да ме најде, смогнав сили и велам тука сум, само ве молам брзо помогнете ми не можам веќе, вели Емилија Цветковска, преживеана во поплавата.

Семејството Крстиќ од Стајковци вложило натчовечки напори да ја спаси 40- годишната кумановка, мајка на три деца. Врзале десетина чаршафи, ги пуштиле преку прозорецот на горниот пат, но таа не успеала да се фати. Чаршафите се скинале, пренесува Канал 5.

-Тие беа на втор кат високо, се обидоа да ми дават раце, како на филм беше, 15 минути сакаа да ме спасат но не можеа. Им текна дека на првиот кат има мало прозорче и да ме вовлечат. Вода имаше многу, но тие ризикуваа да влезе водата внатре само за да можат да ме спасат мене, додаде Цветковска, преживеана во поплавата.

Ја повлекле жената и со расекотини и набиеници на нозете и рацете, Емилија се нашла на суво место. Веднаш побарала да го информираат нејзиниот сопруг дека се спасила.

Жената- херој прво била стоплена со ќебиња, а потоа и биле санирани повредите. Преноќила кај Крстиќ. Утре заедно со иницијативниот одбор на граѓани од Куманово ќе го посети семејството.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.