ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Консултативниот референдум нема никаков легитимитет!

Екс пратеникот од редовите на СДСМ, и потпретседател на партијата Гордан Георгиев на својот Фејсбук профил удри по Заев и одлуката референдумот да биде консултативен. Имено тој вели дека консултативниот референдум нема никаков легитимитет, ниту легалитет.

Георгиев анализира дека најверојатно опозицијата организира ,,прикриен бојкот’’, a според него нејасно е зошто за консултација воопшто да има цензус. Георгиев заклучува дека многу е веројатно дека референдумот ќе пропадне, а зад него се задскриени намерите за предвремени парламентарни избори на кои Заев од граѓаните ќе бара двотретинско мнозинство.

Во статусот на Георгиев може да се забележи разочараноста на екс пратеникот од политиките на Заев, договорот со Грција, но и ставот на власта за референдумот.

“Не разбирам зошто би се одржувал таканаречен консултативен референдум, особено доколку ВМРО-ДПМНЕ не учествува на него, преку отворен или прикриен бојкот.

Кој би го одредил цензусот за нашата консултација, зошто воопшто да гласаме? 100 илјади гласови ЗА и ниеден глас ПРОТИВ ќе бидат ли доволно добра консултација? А 200 илјади? 500? Колку?

Каков легитимитет бараме преку консултативен референдум? Бидејќи јасно е дека „консултацијата“ не создава легалитет.

Тогаш поцелисходно е да се оди на предвремени парламентарни избори и да се бара 2/3 мнозинство за уставни промени. Бидејќи ако основното (затскриено) барање на ВМРО-ДПМНЕ е амнестија, тогаш зошто би гласале пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставни промени после консултативен референдум? Да не биде на крајот и консултативен референдум во вода, и предвремени избори на површина.

Македонијо партал си”, напиша тој на својот Фејсук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.