Потпретсдателот на СДСМ Менде Илиевски, можен кандидат за градоначалник на Битола?!

Има само 38 години, а зад себе има огромен професионален и политички “бекраунд”. За Методија Илиевски во Битола ќе слушнете нејчесто само суперлативи, а причините за тоа се бројни.

Од ракометар, менаџер во повеќе познати битолски локали во младоста, преку менаџерска функција во компанијата “Пелистерка”, до ракометен судија и советник во Советот на општина Битола, функција која патем ја обавуваше во три мандати.

Илиевски во изминатите години е име кое стана ударна тупаница на СДСМ во Битола и еден од најгласните критичари на актуелната локална и централна власт.

Сето тоа му донесе да биде избран и за потпретседател на партијата, висока политичка функција која веројатно ќе го стави на избирачкото ливче, како кандидат за градоначалник на Битола и главен опонент на актуелниот прв човек на општината, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговото име се спомнува меѓу граѓаните, меѓу сопартијците, но и помеѓу кулоарите на партијата во Скопје. Од СДСМ веруваат дека само со него можат да направат резултат и да го стават во прашање владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во градот на конзулите.

Дали Илиевски ќе ја предводи СДСМ кон победа во Битола, останува да видиме во периодот кој следи…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.