Потпорен ѕид за подобра безбедност на улицата „Илија Полутешки“

_mg_1458

Ул.„Илија Полутешки“  во населбата Варош – Поткули, повеќе од пола век беше небезбедна за движење и одвивање на сообрајќајот, кој стануваше погуст  од година во година, со проширувањето на населбата   и  зголемувањето на бројот на изградените индивидуални куќи. Жителите од оваа маало често се плашеа од свлечилиштето и одронувањата на дел од улицата, бидејќи можело да бидат фатални, не само за возачите и пешаците кои поминувале секојдневно, туку и за жителите  од околните куќи. Потпорниот ѕид на ул.„Илија Полутешки“  бил  неопходен.  Затоа со заедничка иницијатива овие луѓе се обратија до локалната власт во Прилеп и успеаа овој нивни децениски проблем  да биде решен.

_mg_1446

_mg_1447

– Сега, со израдбата на потпорниот ѕид улицата е безбедна и чека само тампонирање  и асфалтирање – велат тие

_mg_1559

_mg_1573

– Потпорниот  ѕид е изграден по барање на жителите од оваа улица, која го поврзува Варош со населбата „Поткули“,и веќе станува фрекфентен крак ,за поблиска дестинација помеѓу двете населби. Потпорниот ѕид е висок 3,5 м ,а долг 100м. Наскоро оваа улица, која сега е безбедна за сообрајќај ќе биде тампонирана и ќе добие асфалт  – истакна  градоначалникот, Марјан Ристески .

_mg_1586

_mg_1590

Потпорниот  ѕид на  ул.„Илија Полутешки“  е изграден со средства од буџетот на локалната самоуправа, за што се издвоени  250 илјади денари.

_mg_1471




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.