Mилан е во безизлезна ситуација. Како што пренесува “Газета дело спорт” клубот ќе биде казнет со исфрлање на две години од европските натпреварувања и ќе мора да плати 30 милиони евра казна.
Ако до 1 јули кинеските сопственици не обезбедат 30 милиони евра кои треба да се платат на инвестицискиот фонд “Елиот”, ќе го изгубат сопствеништвото над клубот од “Сан Сиро”.
Но, по се изгледа то нема да влијае на расположението кај “росоњерите”. Роко Комисо, еден од најбогатите 400 луѓе во светото, по потекло од Калабрија, кој го спаси од банкрот “Њујорк Космос”, е заинтересиран да го преземе Милан.
Иако е голем фан на Јувентус, на навивачите на Милан не би требало тоа да им смета, затоа што ситуацијата е тешка за нивниот тим.
“Лојален сум на Јувентус, тоа е мој клуб, навивам од мали нозе како и поголемиот број од граѓаните на Калабрија. Се сретнав со фамилијата Ањели, тоа се прекрасни луѓе, но не им се потребни моите пари. Сакав да купам дел од акциите, чисто бидејќи навивам за клубот, но како што реков не им сум потребен, тоа се луѓе кои од Јувентус направија еден од најголемите клубови во светот”, рекол Комисо.
Роко Комисо има 69 години, по најновите проценки тој “тежи” 4,5 милијарди долари и нема сомнеж дека може да го извлече Милан од оваа ситуација.