Потона брод, горивото се излеа во Охридското Езеро!

Бротчето „Лихнида” потона во Студенчишки Канал кај Билјанините Извори, по што дел од горивото од пловилото заврши во водите на Охридското Езеро, пишува порталот Курир.

Екипи од Капетанијата на бродови во Охрид веднаш излегле на местото на настанот, најавувајќи активности за извлекување на бротчето од каналот.

Проблеми со запуштени пловила и порано имало во Студенчишкиот Канал, кој во отсуство на соодветна марина и обезбеден простор за закотвување претставува единственото место на Езерото каде завршуваат дотраените бродови.

Капетанот на Капетанијата во Охрид, Горан Устијаноски изјави дека во координација со локалната самоуправа ќе се бараат начини како сите дотраени пловила да бидат отстранети од Студенчишкиот Канал. Истовремено, тој посочи на обврската на сопствениците да се грижат за своите пловни објекти, односно доколку не се во пловна состојба да бидат отстранети од езерото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.