Уште едно успешно издание на Светиниколскиот турнир во мал фудбал во Прилеп е зад нас, а победничкиот трофеј оваа година на турнирот го подигна екипата на “ТЕА АНДРЕА – ХАЈФ КАФЕ”.
Дечките беа неприкосновени на теренот, а својата големина ја покажаа уште еднаш, откако решија дел од наградата да ја донираат онаму каде што е најпотребно и како што доликува во овие предпразнични денови.
Тие го израдуваа со подароци нашиот сограѓанин Далибор Милески – Чачоро, младо момче кое инаку е голем фан на ФК Победа и прилепскиот спорт воопшто.
Секоја чест за гестот, и нека овој нивни потег послужи како пример за сите кои имаат повеќе, и се во можност да изднудат среќа и радост на нечие лице.