Ретко кога и ретко каде се гледа градоначалникот на една општина да собира отпадоци, но во општина за пример каква што е Кавадарци во изминативе месеци, и тоа е можно.
Денеска вработените во Локална самоуправа, ЈП Комуналец, Домот на култура, Музеј и галерија, Противпожарната единица, СЦ “Јасмин” и Библиотека “Феткин”, заедно со градоначалникот Митко Јанчев, имаа акција за чистење на 15 локации во градот.
Вработените заедно со градоначалникот беа поделени во тимови и чистеа низ различни локации.
Оваа акција е спроведена со цел да се подигне свеста на граѓаните на повисоко ниво и пред се за убаво и чисто Кавадарци.