Потег вреден за поздравување! Поранешна репрезентативка на Македонија во атлетика од Прилеп нуди бесплатни тренинзи за болни од рак

Фото/Instagram/anafit.mk

“AНА – ФИТ” e студио за аеробик, степ аеробик и пилатес во Прилеп, а е дело на поранешната атлетичарка и репрезентативка на Македонија, Александра Оровчанец. Она што цел нејзин живот е опсесија, на што посветуваше огромно внимание, време и трпение, сега со задоволство го споделува со секој кој сака да се посвети на своето тело и да вложи во своето здравје. Александра е дипломиран професор по физичко образование, зад себе има огромни успеси во трчање и се’ уште е рекордерка на Македонија во дисциплина 300 м. Steeplechase.

Оровчане неодамна започна хумана акција за бесплатни тренинзи за сите болни од рак за време на лекувањето. Александра оваа вест ја објави пред неколку дена на  својот Инстаграм профил каде напиша:

„Поради многуте придобивки од вежбањето за време на хемотерапија, сите болни од рак (за време на лекувањето) сега ќе вежбаат бесплатно во Ana Fit“

Во продолжение појаснува дека дел од придобивките од редовното вежбање кај пациентите заболени од рак се:

-Помало оштетување на срцето;
-Намалување на чувството на замор;
-Намалување на болката и гадењето, подобрување на менталното здравје, како и 100.000 други причини.

Секоја чест!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.