Неговата порака е јасна- ако вие не сакате да најдете спогодба за центарот во Ниш, ние нема да правиме гужва, ќе почекаме да поминат изборите во Србија, но ќе направиме една подобра соработка со Република Српска и нејзината полиција.
Веста за доаѓањето на руските специјалци доаѓа во моментот кога радикалните исламисти со пораки му се закануваат на светот со војна против христијаните во Република Српска и повикуваат на граѓанска војна во Србија и БИХ.
Московската полиција ќе и помогне на полицијата на Република Српска во обучување на специјалците.
Продолжувањето на соработката на руската и полицијата на РС не ја исклучува можност да Русија и во РС постави Центар за вонредни ситуации и брза интервенција како оној во Србија, оценува аналитичарот од Бања Лука Срџан Шушница.
Министерот за внатрешни работи на РС Драган Лукач после состанокот со руските колеги изјави дека ова е само продолжување на минатогодишните разговори, кога е потпишан протокол за соработка со Москва.
А.Г.