Во изминатите 24 часа на територијата на Македонија се потврдени нови 53 случаи заразени со корона вирус.
Во Прилеп потврдени се нови 2 случаи позитивни на Ковид – 19, а со тоа вкупната бројка се искачи на 24 лица.
Освен во Прилеп, нови случаи се забележани и во: Скопје – 13, Куманово – 8, Штип – 5, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 483 лица.