Апелациониот суд Скопје ја потврди затворската казна од 2 години за поранешниот премиер Никола Груевски.
Казната е за незаконито влијание на обвинетиот Груевски за набавката на луксузниот „Мерцедес С-600 гард“, кое тие не можеле да го одбијат зашто им бил шеф, премиер. Казната на осудениот Ѓоко Поповски му е намалена од 6,5 на 4,5 години.
„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-23/18, познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓ.П. од С. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди. Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост“, соопшти Апелацискиот суд.
Инаку Мерцедесот, кој е набавен во време на Груевски, сеуште го користи Владата. Имавме можност да видиме како со тој Мерцедес ги возат светските лидери, како Ангела Меркел, Јенс Столтенберг, Себастијан Курц и други.
Извор: infomax.mk