ПОТВРДА ОД ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, а СДСМ да ја прифати реалноста – ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада!

СДСМ мора еднаш да започне да ги почитува демократските принципи и да ја прифати волјата на мнозинството.СДСМ тоа не го направи во 2014-та, иако граѓаните со резултатите од последните избори се уверија дека победата на ВМРО-ДПМНЕ и во 2014-та беше чиста како солза, исто како и победата на 11-ти декември, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Во продолжение го пренесуваме текстот интегрално:

СДСМ денес соопшти дека дојде време да се направи нова Влада и тоа е точно. Дојде време да имаме Влада според волјата на граѓаните искажана на избори, на местото на досегашната техничка влада создадена поради кризата во која СДСМ ја втурна Македонија.

А волјата на граѓаните и нивната доверба на изборите нескриено и десетти пат по ред беше насочена кон ВМРО-ДПМНЕ и програмата РЕАЛНО.

Граѓаните на изборите му кажаа одлучно не на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата политика на конфликтност и кризи, измислици и фабрикации, мито и корупција.

ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот од граѓаните за да формира Влада и да ја преточи нивната волја во реални мерки и проекти, за нивен подобар живот.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа му даде целосна поддршка на мандатарот Никола Груевски да ја формира новата Влада во Република Македонија.

Граѓаните може да бидат поспокојни. Доаѓаат подобри времиња.

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.