ПОСУРОВ И ОД ЉУБА ЗЕМУНЕЦ: Бил страв и трепет во 90-тите и дел од старата гарда жестоки момци

159597_afafaf_ff

Лицата кои ја одбележаа епохата на криминалот и подземјето и понатаму често се споменуваат. Луѓето кои ја почитуваат нивната “работа и дело”, на социјалните мрежи често споделуваат фотографии и приказни за луѓето кои биле страв и трепет на 90-тите години.

Милорад Вељич Манга е човекот кој важел за еден од најсилните во Југославија. Неговата сила ја почитувале и “најголемите” на тоа време, пишува порталот espreso.rs

Манга е лик кој не е многу познат на јавноста, но бил добро познат на затворениците од тоа време.

Својата затворска репутација ја стекнал кога во самица со него ставиле уште 5 Албанци, а единствено тој излегол на нозе.

156697_1922322-630147653705013-844938787-n_ff

На грбот имал истетовирано голема кобра и по тоа луѓето го препознавале.

Манга станал познат на јавноста по инцидентот во локалот “Мала Романса” кога претепал девет мажи, а некои од нив користеле и ножеви.

Велич бил огромен човек, па поради тоа за него полицијата требало да користи специјални лисици донесени од Америка.

Познатиот боксер и криминалец на 90-тите Љуба Земунец велел:

“Единствено Милорад Велич е посилен од мене”.

Љуба и Манга биле добри другари во седумдесеттите, а кога Љуба заминал во Франкфурт, Манга редовно го посетувал. Во времето кога заедно правеле проблеми низ градот, доаѓало до општа вонредна состојба, па целата белградска полиција морала да интервенира.

https://www.instagram.com/p/BPnRF0JjcV_/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.