Луѓето првиот впечаток за некоја работа го создаваат во првите седум секунди, а тиковите, како што се грицкањето нокти и постојаното играње со косата, може да бидат израз на перфекционизам, велат истражувачите од канадскиот универзитет Монтреал.
Тие снимале луѓе во стресни, фрустирачки, релаксирачки и здодевни ситуации. Луѓето кај кои е измерен висок степен на перфекционизам почесто покажувале тикови, особено во стресни, фрустирачки и здодевни услови.
Здодевноста може да биде фактор за тикови затоа што тоа може да биде начин за перфекционистите да се чувствуваат подобро додека прават било што, отколку кога не прават ништо. И доколку само гледате во екранот на мобилниот телефон, тоа може да каже нешто за вашиот карактер. Луѓето што се склони кон загриженост и незадоволство, ќе побараат мир додека константно го проверуваат мобилниот телефон, надевајќи се дека тоа ќе им го поткрене расположението.
Меѓутоа, тоа не е случај кај интровертните лица, односно за луѓето со изразено чувство на срамежливост. Луѓето може да ве проценат и според точноста. Постојат дури 4 типа на луѓе што доцнат, а човекот може да биде комбинација на сите четири. Перфекционистите нема да го напуштат домот додека се не биде во ред. Постојат и такви што се прават во последен ми г затоа што уживаат во адреналинот додека брзаат да стасаат на време.
Бунтовниците се бунат против адреналинот и општествените норми, а сонувачите се претерано оптимистични за тоа колку може да завршат во даденото време.