Есам Ел Хадари влезе во фудбалските учебници и историските книги.
Голманот на Египет се најде во тимот на мечот против Саудиска Арабија во последното коло од групата А на Мундијалот и со тоа стана најстариот човек кој некогаш заигран на Светските првенства.
Тој со 45 години и 161 ден го помина досегашниот рекордер Фарид Мондрагон, кој беше помлад од него скоро две години кога настапи на Мундијалот во Бразил во 2014 година.
И не само што првиот меч и скоро сигурно единствен меч во кариерата на Мундијалите ќе го памети по тоа што стана рекорден, туку и по тоа што го одбрани еден од двата пенали кои беа досудени за Саудиска Арабија на овој меч.
Сепак, она што е најголем „фан факт“ во врска со него е што Ел Хадари е постар од дури тројца селектори на националните тимови на овој шампионат.
Постар е од селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, од кого е постар 179 дена, од селекторот на Србија, Младен Крстајиќ е постар 413 дена, а од селекторот на Сенегал, Алију Сисе е постар 1164 дена.